Изгаснат е големиот пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде гореше борова шума и во чие гаснење беа упротебени трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштата и спасување, соопшти Центарот за управување со кризи.
Градоначаникот на Сопиште, Јане Мицевски денеска од лице место соопшти дека пожарот избувнал во селото Чифлик кон селото Света Петка.
– Гори нискостеблеста шума, нема опасност за селото. Направен е коридор за да се спаси шумата на Водно. На терен интервенираат екипи од скопската противпожарна бригада со командирот Ѕвонко Томевски, припадници на општинското доброволно противпожарно друштво, дел од локалното население – рече Мицевски.
На терен интервенираа и 4 пинцгауери.
ЦУК информира дека денеска до 18 часот во Македонија се пријавени 11 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни.
Активни пожари има во селото Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација, во селото Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација и во селото Горно Лисиче, Општина Аеродром каде, исто така, гори ниска вегетација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
