Background

Италија заплени имот вреден над 200 милиони евра на починатиот шеф на мафијата

Италијанската полиција објави дека во меѓународна операција запленила имот, компании и финансиски средства во вредност од над 200 милиони евра што му припаѓале на починатиот шеф на сицилијанската мафија, Матео Месина Денаро.

Италијанската полиција денес објави дека во меѓународна операција запленила имот, компании и финансиски средства во вредност од над 200 милиони евра што му припаѓале на починатиот шеф на сицилијанската мафија, Матео Месина Денаро, во неколку даночни раеви, објавија странските новински агенции.

Финансиската полиција објави дека под покровителство на шефот на сицилијанската мафија, Коза Ностра, Месина Денаро, кој почина во 2023 година, ова богатство е создадено „со повторна употреба, исто така преку офшор компании, на профитот стекнат од 1980-тите во трговијата со дрога“.

- Advertisement -
Ad image

Операцијата ја координирале истражителите од единицата за борба против мафијата во Палермо и ја спровела финансиската полиција. Освен во Италија, операцијата беше спроведена и во Андора, Гибралтар, Кајманските Острови, Луксембург, Швајцарија, Либан, Монако и Шпанија, во соработка со локалната полиција. Како дел од операцијата, уапсени се уште тројца осомничени за користење пари од нелегално потекло, објавува италијанската новинска агенција Анса.

Матео Месина Денаро беше еден од најсуровите шефови на Коза Ностра, отслужувајќи неколку доживотни казни за убиства, вклучително и неговата вмешаност во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во 1993 година, во кои загинаа десет лица. Тој беше осуден и за вмешаност во атентатот во 1992 година врз истакнатите судии против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино.

Тој исчезна во 1993 година и помина 30 години во бегство како најбаран криминалец во Италија. Откако беше уапсен во јануари 2023 година, почина во затвор во септември од рак.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation