Од неодамна во Италија не се признаваат македонските возачки дозволи и покрај тоа што веќе постои договор за меѓусебно признавање и замена на дозволите. Истовремено и македонските државјани со постојан престој во Италија веќе не можат да ја заменат македонската со италијанска возачка и мораат да полагаат одново.
Според она што го кажуваат граѓаните кои деновиве се обиделе да изнајмат автомобил со македонска дозвола, италијанските рентакар компании им кажале дека од пред неколку месеци добиле налог да не изнајмуваат автомобили ако возачката на корисникот не е од ЕУ и дека овие граѓани треба да поседуваат меѓународна возачка дозвола за да изнајмат возило.
Ова се потврдува и на веб сајтот на МВР каде што стои дека земјава има договор со Италија, но „во моментов во Република Италија не е возможна замена на возачки дозволи со Република Северна Македонија, се работи на решавање на таа состојба“.
Проблемот според она што се знае досега е во техничката некомпатибилност меѓу двата модела на возачки дозволи, бидејќи од македонска страна биле додадени дополнителни категории, кои ги нема во европската возачка дозвола.
Поради ова, италијанските власти инсистирале да се склучи нов договор што повлекува комплетно повторување на целата постапка за признавање на документот.
Од Министерството за надворешни работи, а некои медиуми велат дека во тек се финалните усогласувања на Договорот за признавање на возачките дозволи меѓу двете држави, кои треба да бидат завршени од италијанска страна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
