Background

Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар се проверува со вонредни контроли за да се утврди дали има поврзаност со зголемениот број пациенти со дигестивни проблеми

Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар се проверува со вонредни контроли за да се утврди дали има поврзаност со зголемениот број пациенти со дигестивни проблеми. Во меѓувреме, од ОЈО на новинарско прашање одговорија дека за незаконска интервенција во водоводната мрежа, по наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење.

По зголемениот број граѓани кои изминативе десетина дена се жалеа на стомачни тегоби, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) побара да се спроведат вонредни контроли на водата за пиење која се дистрибуира во градскиот водовод. Од одделението за хигиена и здравствена екологија при центарот за Јавно здравје, ПЕ Гостивар, потврдија дека вчера е спроведена вонредна контрола и дека се земени примероци од четири мерни места.

– Што се однесува до водата и поради ситуацијата, направивме, покрај редовните и вонредни анализи. Последните резултати од анализите што ги направивме од понеделникот беа добри, односно физичко-хемиски и микробиолошки беа во ред. Вчера зедовме уште некои вонредни анализи, меѓутоа за нивните резултати треба да почекаме до утре или евентуално до понеделник. Така што, во моментов не можеме ништо конкретно да кажеме за нив – изјави за МИА, д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена од Центар за јавно здравје Гостивар.

- Advertisement -
Ad image

Од општата болница „Ферид Мурад“ потврдија дека во инфективното и во детското одделение има зголемен број прегледи и граѓани кои се жалат на дијареја, болки во стомакот, повраќање и покачена температура. Според првичните наоди и клиничката слика најверојатно се работи за сезонски вирози и нема епидемиолошка поврзаност.

Лекарите препорачуваат да се води повеќе сметка за хигиената и за навиките, особено во летниот период кога температурите се високи, а ризикот од стомачни инфекции значително е зголемен.

– Луѓето сепак треба да бидат претпазливи поради зголемениот број на цревни заболувања, како со водата, така и со храната. Пред сè, не треба да консумираат храна што може да предизвика вакви заболувања, како што е термички неподготвена храна. Храната и намирниците треба да бидат свежи. Исто така, овошјето и зеленчукот треба добро да се измијат пред употреба. И се разбира, водата да се користи од места каде што сметаат дека е сигурна – препорачува д-р Мустафа.

Последните три анализи на водата од гостиварскиот водовод, направени изминатиов месец во одделението за хигиена и здравствена екологија на Центарот за јавно здравје покажуваат дека таа била здрава и безбедна за употреба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation