Иранската новинска агенција Фарс јави дека попладнево биле регистрирани неколку експлозии на островот Кешм, во близина на Ормуска Теснина.
Фарс наведе дека областа Масан на островот Кешм изминатите денови била неколку пати нападната од американскиот непријател.
Претходно, државната Иранска новинска агенција (ИРНА) јави дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, со што „продолжува кршењето на примирјето од страна на американскиот непријател“.
Во покраината Бушер е лоцирана единствената активна иранска нуклеарна електрана.
Нападот врз градот Бушер уследи по експлозиите во пристанишниот град Бандар Абас и во Џогатаи.
Во меѓувреме, властите во Кувајт соопштија дека земјата е под воздушен напад.
„Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор“, соопшти Генералштабот на армијата во соопштение, при тоа ги повика луѓето да „ги следат безбедносните упатства издадени од властите“.
Иран изминатите денови изврши повеќекратни напади врз Кувајт и другите сојузници на САД во Персиски Залив, како одговор на американските напади врз негова територија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
