Background

Иранската делегација е во Исламабад, но разговара само со пакистанските посредници

Иран ја отфрли можноста за директен состанок со американски претставници, што ги остави преговорите за завршување на конфликтот крајно неизвесни, објавува Ројтерс.

Иако американските преговарачи планираа да патуваат во Пакистан на разговори, Техеран јасно стави до знаење дека нема да има директни средби. Наместо тоа, иранските претставници имаат намера да ги пренесат своите ставови преку посредник – Пакистан.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, кој пристигна во Исламабад околу полноќ, се сретна со началникот на пакистанската армија Асим Мунир, а денеска треба да се сретне и со премиерот Шехбаз Шариф.

- Advertisement -
Ad image

Пакистански безбедносни извори изјавија дека Арагчи дошол со одговор на американските предлози пренесени за време на тридневната посета на Мунир на Техеран минатата недела.

Специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, заедно со Џаред Кушнер, требаше да учествува во разговорите со иранскиот министер, Аракчи, но средбата е откажана.

Трамп рече дека Иран подготвува нова понуда што би можела да ги исполни барањата на САД, но не даде детали ниту прецизираше со кого точно САД водат разговори.

Ситуацијата меѓу Вашингтон и Техеран е дополнително влошена: Иран речиси го затвори Ормутскиот теснец, клучен пат низ кој минува околу една петтина од светската нафта, додека САД го блокираа извозот на енергија на Иран. Со тоа, двете страни западнаа во скап и опасен ќорсокак.

Во исто време, конфликтите на Блискиот Исток не стивнуваат. Иако примирјето меѓу Израел и Либан е продолжено, борбите во јужен Либан продолжуваат, со нови жртви и меѓусебни обвинувања.

Сето ова укажува дека изгледите за брзо дипломатско решение се уште се слаби, додека регионот останува на работ на понатамошна ескалација. Неизвесноста влијае и на пазарот на нафта, каде што цените значително се зголемија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation