Background

Иран реагира, Трамп се заканува со посилно бомбардирање

Претседателот на САД Доналд Трамп порача дека конфликтот со Иран може да заврши доколку Техеран ги пригфати условите во меморандумот предложен од Вашингтон, а во спротивно најави поинтензивно бомбардирање. Објавата на Трамп на социјалните мрежи доаѓа во време кога двете страни се доближуваат до можен договор за примирје.

Во меѓувреме стигна и првата реакција од Иран. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Иран, Ебрахим Резаи, оцени дека предлогот повеќе личи на „американски список на желби отколку на реалност“.

„Американците нема да го добијат со неуспешно воено сценарио она што не успеаја да го добијат во преговорите лице в лице“, објави Резаи на мрежата Икс.

- Advertisement -
Ad image

Тој порача дека Иран е подготвен.

„Прстот ни е на чкрапалото. Ако не се предадат и не ги направат потребните отстапки, ќе следи суров одговор за кој ќе се покаат“, напиша иранскиот претставник.

Трамп нуди, Техеран одбива

Трамп претходно порача дека Иран има избор меѓу договор и нови напади.

„Под претпоставка дека Иран ќе се согласи да го исполни договореното, што е можеби голема претпоставка, веќе легендарнaта операција „Епски бес“ би завршила, а блокадата би овозможила Ормускиот Теснец да биде отворен за сите, вклучително и за Иран“, напиша Трамп.

Прифаќање или бомбардирање?

Трамп испрати и директна закана.

„Доколку Иран не се согласи, бомбардирањето ќе започне и тоа ќе биде многу поинтензивно отколку порано“, напиша Трамп.

Изјавата доаѓа во чувствителен момент. Во тек се дипломатски контакти меѓу Вашингтон и Техеран.

„Аксиос“ открива, договорот е блиску?

Според „Аксиос“, САД и Иран се блиску до прелиминарен меморандум за разбирање. Документот би можел да го означи крајот на сегашниот конфликт.

Вашингтон очекува одговор од Техеран во следните 48 часа. Иако договор сè уште нема, американски извори велат дека двете страни никогаш не биле поблиску.

14 точки за примирје

Предлогот содржи 14 точки. Во него е вклучен мораториум за збогатување на ураниум.

За возврат, би следело постепено укинување на санкциите и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Документот предвидува и олеснување на пловидбата низ Ормускиот Теснец.

Колку години без збогатување?

Клучниот спор останува времетраењето на мораториумот. САД бараат ограничувања до 20 години. Иран предлага 5. Компромисните варијанти се движат меѓу 12 и 15 години.

По истекот на рокот, на Техеран би му било дозволено ограничено збогатување.

Инспекции и ураниум надвор од Иран

Предлогот предвидува Иран да не развива нуклеарно оружје. Се бара и засилен режим на инспекции.

Во игра е и преместување на високо збогатениот ураниум надвор од земјата. Тоа е едно од клучните барања на Вашингтон.

Поделби во Техеран?

Американската администрација смета дека во иранското раководство има поделби. Според дел од претставниците, тоа може да го отежне договорот.

Некои американски функционери остануваат скептични. Се сомневаат дека Техеран е подготвен за конечен договор.

Ормускиот Теснец останува чувствителен

Одлуката на Трамп да се откаже од планираната операција во Ормуз, според извори, е поврзана со напредокот во преговорите.

Целта е да се зачува кревкото примирје. Но тензијата во регионот останува висока.

Рубио предупредува, процесот е тежок

Државниот секретар на САД Марко Рубио порача дека процесот е сложен.

– Потребна е јасна дипломатска рамка – изјави Рубио.

Тој истовремено изрази сомнежи за подготвеноста на Иран да постигне договор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation