Иран денеска предупреди дека нема да им дозволи на САД да се мешаат во управувањето со стратешката Ормуска Теснина.
– Техеран под никакви околности нема да дозволи САД да се мешаат во управувањето со поморскиот сообраќај низ Ормуска Теснина – изјави портпаролот на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфагари.
Тој потенцираше дека секоја соработка помеѓу земјите од Персиски Залив и САД за Ормуска Теснина, Техеран ќе го смета за „чин на војна“.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека САД ја преземаат контролата врз Ормуска Теснина и ќе наплаќаат за заштита на мореузот.
– Ќе ја задржиме Ормуска Теснина и веројатно ќе управуваме со неа. Ќе станеме чувари на Теснината. Можеби тоа ќе го наречеме ангел чувар на Ормуска Теснина. И треба да ни биде платено за тоа – истакна Трамп.
Според него, САД, како чувар на Ормуска Теснина, ќе добие многу пари.
– Ќе ни биде надоместено бидејќи другите земји се многу богати. Тие се на наша страна и не може да се очекува од нас тоа да го правиме бесплатно, посочи Трамп.
Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп истакна дека Ормускиот теснец ќе остане отворен „со или без Иран“ и најави повторно воведување на, како што ја нарече, „иранската блокада“.
Според него, мерката ќе се однесува само на иранските бродови и на пловилата што соработуваат со Иран, додека останатите држави ќе можат непречено да го користат теснецот.
„Од правичност, ќе ни бидат надоместени сите трошоци за обезбедување безбедност во овој многу нестабилен дел од светот, со стапка од 20 проценти на целиот товар што се превезува“, напиша Трамп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
