Инцидентите на мечот со Холандија ќе нè чинат 10.000 франци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светската ракометна федерација попладневно со соопштение информираше дека Ракометната федерација на Македонија е казнета парично со 10.000 швајцарски франци, за синоќешниот дуел меѓу Македонија и Холандија во Вараждин, поради инцидентите што се случија на трибините.

„Овие одлуки се носат со цел да се подобри целата безбедност за одигрување натпревари во Вараждин, а доколку тоа не се оствари, останува можност ИХФ целосно да ја елиминира салата во овој град од натамошните возбудувања на Мундијалот“, се наведува во соопштението.

Иста парична казна како РФМ добива и Хрватската Федерација.

Утре нашата репрезентација го игра клучниот меч против Гвинеја.

Share This Article