Фудбалерите на Интер ја обезбедија шампионската титула во италијанската Серија А, откако на домашен терен славеа против Парма со 2:0 во рамки на 35. коло.
Со оваа победа, „нераѕурите“ стигнаа до недостижни 12 бода предност во однос на второпласираниот Наполи, на само три кола до крајот на сезоната, со што математички ја заверија титулата
Интер поведе во финишот на првото полувреме, кога Маркус Турам погоди во 45+1. минута по асистенција на Пјотр Зелински. Конечните 2:0 ги постави Хенрик Мхитарјан во 80. минута, со што ја потврди доминацијата на домаќините.
На табелата, Интер има 82 бода, пред Наполи со 70 и Милан со 67.
Ова е вкупно 21. шампионска титула за Интер, со што клубот се зацврсти на второто место на вечната листа, зад Јувентус кој има 36 титули, додека Милан останува трет со 19.
Tagged as:
Интер слави шампионска титула со двоцифрена предност
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
