Српскиот инфлуенсер, познат како „Балкански татко“ (Balkan dad), Милош Недељков, повторно ја насмеа јавноста. Тој се приклучи на „Тудеј шоу“ кое го води австралискиот водител и новинар Карл Стефановиќ чијшто татко има српско-германско потекло. На водителите веднаш им паднала во очи ракијата што Недељков ја испил во раните утрински часови, а се интересирале и како го запознал Новак Ѓоковиќ, објави српски Мондо.
Карл: Го сакам овој човек, тренер на тениските ѕвезди! Во живо ни се придружува балканскиот татко, познат како Милош Недељков. Еве го, со некој локален производ. Како си?
Татко од Балканот: Одлично, а ти? Што правам? Карл, ти си Србин, треба да знаеш дека денеска е српска Нова година. За српска Нова година велиме „На здравје“ и наутро пиеме српска ракија. Нема храна!
Водителката: Нема храна? Уште подобро!
Карл: Ракија… Ќе те убие!
Водителката: Опасно е. Имам толку многу прашања. Но, првин сакам да знам како се поврзавте со Ѓоковиќ. Како го стекнавте тоа пријателство?
Татко од Балканот: Алисон, знаеш, има една изрека: „Ако познаваш еден човек во Србија, ги познаваш сите Срби“. Па да објаснам. Татко ми… татко ми има ќерка, а таа ќерка има брат, тоа сум јас. Јас имам пријател, неговото куче има пријател куче. А ќерката на братот на сопственикот му е таксист на Новак Ѓоковиќ. Новак Ѓоковиќ е светски познат, но јас сум многу познат во Србија. Бев првиот тениски талент во поранешна Југославија, но имав повреда на коленото. Значи, знаете, талентот не успеа. Но, да играв уште денес, ќе имав 10 Грен слемови. дали ме слушаш?
Водителката: Мислам дека би биле најмалку 11. Милош, се потценуваш, пријателе.
Карл: Знаете, тој има милион следбеници.
Татко од Балканот: Ми се допаѓа оваа жена, дај ми го нејзиниот број! Слушај, оженет сум, но во Австралија сум. Мојата сопруга е во Србија.
Карл: Тој е многу убав човек, нели, Новак? И очигледно сте развиле многу блиски односи. Го интервјуирав минатата година и прилично сум сигурен дека му пренесов грип. Тоа го чинеше турнирот. Сепак, сакаме да се држиме заедно, нели?
Татко од Балканот: Така е, без сомнение. Слушај, понекогаш во животот треба да изгубиш нешто. Знаете, изгубив три љубови од мојот живот за да ја најдам мојата сопруга. Знаете, мора да изгубите, но навистина мислам дека Ѓоковиќ оваа година ќе освои сѐ. Ќе ги уништи, ќе ги освои, без прашање.
Карл: Одлично е што те видов, човеку. Сакам да уживате во вашето време овде во Австралија. Кога ќе дојдете во Сиднеј, дојдете во нашето студио. Ќе разговараме за различни теми, вклучувајќи го и вашиот тренинг режим.
Татко од Балканот повторно заигра, па дури и водителките станаа да одиграат круг. Погледнете како изгледаше сето тоа: