Милијардерот Илон Маск во објавата на социјалната мрежа Икс тврди дека милиони луѓе наведени во базата на податоци за социјално осигурување се евидентирани како стогодишници „со полето за смрт поставено на НЕТОЧНО!“
„Можеби Твајлајт зоната е реална и има многу вампири кои собираат социјално осигурување“, напиша Маск.
Неговата објава содржи табела што покажува дека има повеќе од 20 милиони наведени на возраст од 100 и повеќе години, вклучувајќи повеќе од 3,9 милиони во опсегот на возраст о130-139 години, повеќе од 3,5 милиони во опсегот 140-149 и повеќе од 1,3 милиони во опсегот 150-159.
Fox News Digital побарал коментар од Администрацијата за социјално осигурување во понеделникот.
Бројот на населението во САД на пописот во 2020 година бил повеќе од 331 милиони, при што бројот на луѓе на возраст од 100 години и постари бил повеќе од 80.000, според податоците на Бирото за попис на САД.
„Дијаграмот за логички тек за системот за социјално осигурување изгледа ЛУДО. Никој всушност не знае како функционира. Досиејата за плаќања што се движат помеѓу социјалното осигурување и Министерството за финансии имаат значителни недоследности што не се усогласуваат. Тоа е диво“, изјави Маск во објава на Икс.
Во една друга објава, Маск рече дека има многу повеќе „подобни“ броеви за социјално осигурување отколку што има граѓани во САД.
Факт чекеритe на Би-Би-Си не можеле да ги потврдат наводите на Маск, но откриле дека постои извештај од 2023 година на Генералниот инспектор за социјално осигурување, кој идентификувал околу 19 милиони луѓе родени во 1920 година или порано, за кои немало податоци за смртта во досиејата. Од нив 44.000 сè уште примале бенефиции за социјално осигурување.
Управата за социјално осигурување во 2021 година проценила дека околу 24.000 луѓе добиле исплати од агенцијата по смртта, во износ од речиси 300 милиони долари.
Според Истражувачкиот центар Пју, во 2024 година во САД имало околу 101.000 луѓе постари од 100 години низ САД, од кои за повеќето би се очекувало да добиваат социјално осигурување, имајќи предвид дека тоа ги опфаќа пензионерите.
Дали Илон Маск сепак е на трагата на „можеби е најголемата измама во историјата“, како што тврди тој во објава на Икс?