Background

ИЛОН МАСК ЌЕ ГО ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА РЕЖИСЕРОТ НА „МАСК“

Правниот тим на најбогатиот човек во светот, Илон Маск, им се закани со тужба на продуцентите и дистрибутерите на четиричасовниот документарен филм посветен на него, меѓу другото обвинувајќи ги авторите дека при создавањето на остварувањето не ги провериле фактите и изнеле клевети.

Неговиот адвокат Алекс Спиро, во опоменувачко писмо од 3 септември, го обвинува оскаровецот и режисер Алекс Гибни дека документарниот филм „Маск“ го засновал врз однапред донесени заклучоци, наместо врз непристрасно истражување, и дека не ги проверил изнесените факти со Маск или со неговите соработници.

Адвокатите на првиот билионер во историјата предупредија дека може да покренат тужби за клевета против продуцентите и дистрибутерите на филмот, меѓу кои се и „Ејч-Би-Оу“, „Бликер стрит“ и „Јуниверзал“.

- Advertisement -
Ad image

Спиро посебно ја издвоил наводната инсинуација дека сателитите „Старлинк“ на Маск биле користени за влијание врз американските претседателски избори во 2024 година.

„Бевте информирани, пред премиерата на филмот, дека таа инсинуација е погрешна, дека јавно достапните материјали ја побиваат и дека вие самите одлучивте да не го слушнете остатокот“ – се наведува во дел од писмото на Спиро, пренесува „Холивуд репортер“.

Продукциската куќа „Џигсоу продукшнс“ во соопштение за истиот медиум ја бранеше точноста на информациите во филмот и порача дека Маск, како „апсолутист на слободата на говорот“, треба да го поддржи нивното право да ги преиспитуваат моќните личности.

Филмот „Mаск“ беше прикажан во вторникот на Филмскиот фестивал во Венеција, каде што доби овации од публиката и пофалби од критиката. Во него Гибни го следи патот на сопственикот на „СпејсИкс“, „Икс“ и „Тесла“ од неговото раѓање во Јужноафриканската Република до пробивот во Силиконската Долина на почетокот на 2000-тите години. Филмот се осврнува и на тешкото детство на Маск, како и на неговите 14 деца со повеќе жени.

Маск во последните денови во најмалку десетина објави на својата платформа „Икс“ го нападна режисерот, нарекувајќи го „ужасно човечко суштество“, а неговиот документарен филм – здодевен памфлет.

Инаку, опусот на режисерот Гибни често се занимава со теми поврзани со моќни институции и организации, како во филмовите за Скиентолошката црква или за меѓународната шпионажа. Тој беше награден со Оскар за најдобар документарен филм за „Taxi to the Dark Side“ („Такси до мрачната страна“), кој зборува за тортурата што ја спроведувала американската војска во Авганистан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation