Американскиот милијардер Илон Маск се најде во центарот на контроверзии поради гест за време на обраќањето до поддржувачите на Трамп, кој беше спореден со нацистички поздрав.
Маск зборуваше на настан што се одржа во арената „Капитал Уан“ во Вашингтон, откако Доналд Трамп официјално положи заклетва како 47-ми претседател на САД.
„Ви благодарам што го овозможивте ова“, рече Маск, по што направи гест што многумина го споредија со нацистички поздрав. Тој додаде: „Моето срце е со тебе“.
Маск исто така рече: „Ви благодариме што ја обезбедивте иднината на цивилизацијата“.
По овој настан, многу корисници на социјалните мрежи го осудија Маск, обвинувајќи го за нацистички поздрав.
Сепак, некои тврдат дека Маск, кој има Туретов синдром, сакал да и покаже на публиката дека „неговото срце е со нив“.