Сѐ поголем број туристички места ширум светот се залагаат за ограничување на масовниот туризам. Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ („Menys Turisme, Més Vida“), под слоганот „Мајорка на работ на издржливоста“ вчера протестираше поради преголемата посетеност на шпанскиот остров.
Околу 25.000 граѓани, според полицијата, или околу 70.000 според организаторите, се собраа на плоштадот „Пласа де Еспања“ изразувајќи незадоволство од сè поголемиот туристички притисок врз островот. Тие носеа транспаренти „Пренатрупана Мајорка“ и „Нема повеќе капацитет“.
Протестот поминал мирно речиси до самиот крај. Тензиите се појавиле поради полициската контрола на толпата кај Сес Волтес, каде што требало да се прочита манифестот на протестот. Не можеле сите да пристапат до локацијата, па ситуацијата ескалирала.Толпата се упатила со намера да маршира кон Парк де ла Мар. Демонстрантите се собрале на едниот крај од авенијата Антони Маура под будно око на голем контингент на Националната полиција. Десетици полицајци, некои опремени со штитови и пушки за гумени куршуми, се позиционирале околу влезот на паркингот, опкружени со луѓе кои извикувале пароли како „Би се срамел да бидам полицаец“ и „Надвор окупаторски сили“, чувствувајќи дека се спречени да го продолжат својот протест.
Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ трета година протестира поради преголемата посетеност на Палма де Мајорка.
Палма де Мајорка е една од најпопуларните туристички дестинации во светот.
Tagged as:
ИЛЈАДНИЦИ ЖИТЕЛИ ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ НА ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
