Само неколку часа откако беше објавено дека катарскиот танкер „Ал-Рекајат“ бил погоден во Ормускиот Теснец, се огласија и дел од морнарите кои се наоѓале на бродот. Според хрватскиот портал „Морски ХР“, меѓу екипажот имало најмалку шест хрватски државјани, кои успеале да се спасат без повреди.
– Поздрави, колеги. Само да ве известам дека сите сме добро. Го изгаснавме пожарот, има само малку чад. Бев на стража. За среќа, бев два метра пред контролната соба кога експлодираше. Преживеав по Божјо чудо – раскажал еден од морнарите.
Според информациите, бродот претрпел сериозни оштетувања откако бил погоден додека пловел по оманската страна на Ормускиот Теснец.
Пожар избувнал во машинскиот дел на танкерот, а екипажот успеал да го локализира пред да дојде до поголема катастрофа.
„Ал-Рекајат“ е катарски танкер за течен природен гас во сопственост на компанијата „Накилат“, која управува со една од најголемите светски флоти за превоз на ЛНГ.
Tagged as:
ХРВАТСКИ МОРНАР СВЕДОЧИ ЗА ДРАМАТА НА ТАНКЕРОТ ВО ОРМУЗ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
