Background

ХРВАТСКА ЌЕ КУПИ ТЕНКОВИ, ХАУБИЦИ И КАМИОНИ ЗА 1,7 МИЛИЈАРДА ЕВРА

Хрватска и Европската Унија потпишаа договор за заем вреден 1,7 милијарда евра наменет за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.

Договорот за заем, во рамките на инструментот „Безбедносни мерки за Европа“ (SAFE) во Бански двори во Загреб го потпишаа хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, министерот за финансии, Томислав Ќориќ и еврокомесарот за одбрана, Андриус Кубилиус.

– Станува збор за заем од 1,7 милијарда евра наменет првенствено за инвестиции во германски тенкови „Леопард 2“, француски хаубици „Цезар“, чешки камиони важни за транспорт и логистика, како и за различни видови муниција – изјави  хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пред потпишувањето на договорот.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека станува збор за поволен заем со рок на отплата од 45 години.

Пленковиќ нагласи дека со тоа Хрватска се приближува до исполнување на новите цели на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана на 5 проценти од БДП до 2035 година.

НАТО на Самитот во Хаг минатата година постави цел членките да трошат 3,5 отсо од БДП за воени трошоци и дополнителни 1,5 процент за инвестиции со двојна намена. Пленковиќ изјави дека неговата влада за 10 години тројно го зголемила буџетот за одбрана, кој во 2025 година достигнал 2,1 процент од БДП, при што околу една третина од парите се наменети за модернизација на армијата.

Кубилиус, првиот европски комесар за одбрана и поранешен премиер на Литванија, оцени дека Европа се соочува со „тешки времиња“ и со повеќе војни. Тој го нарече SAFE „инструмент без преседан“ и ја пофали Хрватска за „јасното лидерство во преземањето одговорност за сопствената одбрана“.

Кубилиус ја претстави Хрватска како „пример за другите држави“ со слична големина, издвојувајќи го воведувањето воен рок, модернизацијата на воздухопловните сили и лидерството во европските иницијативи за развој на беспилотни летала.

Министерот Ќориќ претходно изјави дека од 1,7 милијарда евра достапни за Хрватска, 255 милиони евра ќе бидат исплатени како предфинансирање. Заемот се финансира преку задолжување на Европската Унија на меѓународните пазари на капитал, а на земјите членки им се става на располагање под поволни услови, со долг рок на доспевање и грејс-период.

Парите за Хрватска ќе бидат достапни до 31 декември 2030 година, со рок на отплата до 45 години и грејс-период од 10 години за отплата на главнината. Средствата за отплата на заемот, каматите и другите трошоци ќе се обезбедуваат од државниот буџет на Хрватска преку Министерството за финансии.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation