Холивудската актерка Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холивудската актерка Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак. Една недела откако се појавија информации за нивна разделба и можен развод, актерката ја потврди веста на социјалните мрежи во четвртокот.

„Со години сум на патување на себеоткривање и трансформација – и како поединец и во партнерство со Кеш“, ја започна својата објава на Инстаграм.

„Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во текот на изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Да продолжиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и ние ќе останеме семејство засекогаш. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, рекла таа.

 

Ворен, од друга страна, не коментираше на социјалните мрежи за раскинувањето.

Да потсетиме, последен пат заедно беа снимени во ноември минатата година. Таа потоа се огласи на социјалните мрежи по повод Новата година, но не го спомна својот сопруг.

Двојката се запозна во 2004 година на снимањето на „Фантастичната четворка“ (Fantastic Four), каде Кеш работеше како асистент во продукција. Нивната љубовна приказна започна набрзо по нивното запознавање, а се венчаа во 2008 година на интимна церемонија во Лос Анџелес.

Џесика и Кеш имаат три деца, ќерките Онор Мари и Хевен Гарнер и синот Хејс Алберт. Во интервјуата, тие често зборуваа за тоа како се поддржуваат еден со друг во деловните потфати и дека основата на нивниот брак е „заемно почитување и комуникација“. Во интервјуата, актерката изјави дека заедничките предизвици, како родителството и кариерата, дополнително ја зајакнале нивната врска.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article