Халит Ергенч и Мерјем Узерли, кои ги играа султанот Сулејман и Хурем во хит-серијата „Сулејман Величествениот“, повторно ги израдуваа обожавателите со заедничко појавување. Двајцата актери пристигнаа држејќи се за рака на црвениот тепих на Филмскиот фестивал Ел Гуна во Египет, каде што го претставија својот нов филм „Пролет на Имроз“.
Нивното појавување веднаш потсети на времето кога заедно ги освојуваа телевизиските екрани. Ова е нивниот прв заеднички проект по серијата што ги прослави, а нивното повторно обединување предизвика голем интерес кај публиката.
Светската премиера на филмот се одржа на 20 октомври. Режисер е Озџан Алпер, кој го напишал сценариото заедно со Лузин Динк. Приказната е сместена на турскиот остров Ѓокчеада, познат и како Имроз, каде што се вкрстуваат патиштата на двајца луѓе кои мора да се соочат со своето минато.
Ергенч го игра Ариф, 52-годишен писател кој подолго време не успева да пишува, додека Узерли ја толкува Соња, 41-годишна жена која пред три години ги загубила сопругот и синот. Двајцата актери се и копродуценти на филмот.
Нивната заедничка приказна на телевизија заврши порано од очекуваното. Узерли ја напушти серијата пред крајот на снимањето, а како причина беше наведен синдромот на прегорување. Иако поминаа години од нејзиното заминување, Хурем и Сулејман останаа меѓу најпрепознатливите ликови на турската телевизија.
По фестивалската премиера, филмот треба да се прикажува во кината во повеќе од 50 земји, додека датумот за премиерата во Турција сè уште не е објавен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
