Гвардиола неутешен по заминувањето на Вокер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Club World Cup - Semi Final - Urawa Red Diamonds v Manchester City - King Abdullah Sports City, Jeddah, Saudi Arabia - December 19, 2023 Manchester City manager Pep Guardiola REUTERS/Amr Abdallah Dalsh
- Advertisement -
Ad image

По долги седум години Кајл Вокер (34) и официјално го напушти Манчестер Сити, а заминувањето на искусниот Англичанец тешко го погоди тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Англискиот шампион оваа сезона се соочува со големи проблеми. И покрај сите очекувања тие се само на петтото место во домашното првенство, додека во Лигата на шампионите веќе ги чека елиминација по првата фаза.

Голем проблем за Сити сега е фактот што искусниот десен бек одлучи да го напушти „Етихад“ и да премине во Милан, нешто со што Гвардиола не се помирил лесно, судејќи по снимката од неодамнешната конференција.

– Кајл Вокер одлучи да си замине… Најсилниот, најподготвениот, најбрзиот дефанзивец што го имаме реши да го напушти клубот – изјави Гвардиола на прес-конференција.

Гвардиола му се заблагодари на Вокер за се што направи за клубот.

– Тоа му го кажав лично, му го кажав пред тимот. Му посакувам само успех, како за него така и за неговото семејство – подвлече Гвардиола.

Англискиот репрезентативец дојде во Сити во 2017 година од Тотенхем за сума од 50 милиони евра. За тоа време освои 17 трофеи, од кои шест титули во Премиер лигата, додека со „граѓаните“ успеа да ја освои и Лигата на шампионите.

Вокер дебитираше за репрезентацијата на Англија во ноември 2011 година и има одиграно 93 натпревари. Во својата кариера настапуваше за Шефилд Јунајтед, Нортемптон, Квинс Парк Ренџерс, Астон Вила и Тотенхем. 

Share This Article