Гркинка вработена во ОН е обвинета за финансиска измама

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Грчка државјанка, службеник во Обединетите нации, надлежна за управување со фондови на организацијата, е обвинета дека за 7 години проневерила над еден 1 милион долари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, случајот, што се однесува на периодот од 2014 до 2021 година, стигнал до грчкото обвинителство по извештајот на надлежните органи на ОН, кои првично се обратиле до Европското јавно обвинителство, кое предметот го проследило до Грција бидејќи присвоените суми не се однесуваат на европските фондови и со тоа предметот не спаѓа во надлежност на европскиот обвинител.

Во обвинението, како што пишува АНА-МПА, наведено е дека вработената, која била на важна позиција, наводно изготвувала извештаи за трошоци со лажни документи, присвојувајќи големи износи, односно над 1 милион долари.

Истрагата започнала по случајна проверка, а вработената наводно ги негирала обвинувањата, тврдејќи дека е жртва на нејзините претпоставени.

Share This Article