Со свечена воена церемонија во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Армијата го одбележа 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, единица која го продолжува наследството на првиот воен лет реализиран во 1992 година.
На свеченоста присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, високи армиски претставници, поранешни команданти на единицата, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор, како и бројни гости.
Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, истакна дека воздухопловниот ВИНГ претставува еден од клучните капацитети на Армијата и најави негова понатамошна модернизација и опремување со современи борбени системи.
Командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Драган Павловски, нагласи дека единицата останува посветена на развојот на своите способности, исполнувањето на националните и НАТО-обврските и вложувањето во персоналот.

Во рамките на свеченоста беа доделени признанија и стимулативни мерки за припадници кои се истакнале со својата работа и професионалност.
Посебно внимание привлече прелетот на воздухопловите од составот на воздухопловниот ВИНГ, како и учеството на борбени авиони Ф-16 од Военото воздухопловство на Грција и авиони „Eurofighter Typhoon“ од Италија. Прелетот беше реализиран во рамките на редовните активности за воздушно патролирање во регионот.
За време на свеченоста беше извршено и церемонијално предавање на првото борбено знаме на Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, кое генерал-мајор Лафчиски му го предаде на командантот на баталјонот.

Дополнително, одбранбеното аташе на САД, полковник Даниел Сквајерс, му врачи признание на полковникот Павловски, доделено од Военото воздухопловство на САД за достигнување на највисоки лидерски позиции во военото воздухопловство.
Во пресрет на Денот на единицата беа организирани и повеќе хуманитарни, спортски и комеморативни активности, меѓу кои крводарителска акција, спортски натпревари и оддавање почит на загинатите припадници на единицата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
