Голем број корисници денеска пријавија проблеми при пристапот до социјалната мрежа Фејсбук, при што дел од нив не можат да се најават на своите профили поради привремен технички дефект.
При обид за најава, корисниците добиваат порака: „Профилот е привремено недостапен. Вашата сметка моментално не е достапна поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. Обидете се повторно за неколку минути.“

Според платформата „Даундетектор“ (Downdetector), која ги следи прекините во работата на интернет-услугите забележан е нагол пораст на пријавите од корисниците, а на официјалната страница е потврдено дека има дефект во функционирањето на Фејсбук.
Најголем дел од пријавите, околу 32 проценти, се однесуваат на проблеми со самата веб-страница, 26 проценти се поврзани со најавувањето на профилите, а 22 проценти се однесуваат на проблеми со почетната страница и прегледот на содржините.
Корисниците за овие проблеми масовно известуваат и преку социјалната мрежа „Икс“, каде што објавуваат скриншотови од пораката за грешка со ознаката „#FacebookDown“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
