Американскиот лизгач Илија Малинин приреди момент за паметење на Зимските олимписки игри, но вистинската сензација не беше само златото за САД, туку реакцијата на Новак Ѓоковиќ, кој во шок се фати за глава по „забранетото салто“ на мраз.
Малинин, кого фановите веќе го нарекуваат „Господ на лизгалки“, синоќа блесна во тимската конкуренција во уметничко лизгање и со спектакуларен настап ѝ донесе златен медал на американската репрезентација. Настапот доби дополнителна тежина откако камерите го уловија Новак Ѓоковиќ во публиката, во друштво на сопругата Јелена, видно изненаден од она што го виде на мразот.
Клучниот момент беше салто наназад (бекфлип), потег што со децении беше строго забранет во уметничкото лизгање. Ѓоковиќ, познат по тоа што ретко се изненадува на спортски терени, буквално остана без зборови.
– Го видов Ѓоковиќ во публиката и тоа беше целосно нереално. Ми кажаа дека по салтото стоел со рацете на глава, во шок. Помислив: „О, Боже… ова е неверојатно“ – изјави Малинин по настапот.
Американскиот лизгач истакна дека отсекогаш сакал да ја воодушеви публиката, а медалите да дојдат како награда. И навистина, трибините експлодираа, а Ѓоковиќ и Јелена скокнаа на нозе, додека Новак уште неколку секунди не можеше да поверува што видел.
Интересно е што бекфлипот бил забранет уште од 1977 година, а последен пат без казна бил изведен на ЗОИ во Инсбрук 1976. Потегот повторно е дозволен од 2024 година, но не носи бодови, туку служи исклучиво за спектакл и шоу.
– Публиката полуде, врескаше, атмосферата беше луда. Тоа чувство на олимписка сцена не може да се опише – додаде Малинин.
Иако во поединечна конкуренција заврши втор, Илија Малинин стана главна тема на ЗОИ, не само поради лизгањето, туку затоа што успеа да го шокира и Новак Ѓоковиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
