Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека знае да се шегува и за време на најголемите турнири. За време на мечот против Стефанос Циципас на Вимблдон, српскиот тенисер накратко ја исплаши девојката задолжена за собирање топчиња, но на крајот сè заврши со насмевки.
Интересниот момент се случи додека девојката, по негово барање, со ножици ја сечеше црната лента што Ѓоковиќ ја носеше на десното рамо. Во моментот кога таа почна да ја сече лентата, српскиот ас се преправаше дека чувствува силна болка и гласно воздивна.
Изненадена и убедена дека случајно го повредила пред илјадници гледачи на трибините и милиони пред телевизиските екрани, девојката веднаш се повлече и видно се вознемири.
Само неколку секунди подоцна, Ѓоковиќ се насмеа, откривајќи дека станува збор за шега. Откако сфати што се случува, и девојката се насмеа, а необичната сцена брзо стана хит на социјалните мрежи.
По натпреварот, српскиот тенисер призна дека намерно се пошегувал.
– Такви работи правиш кога водиш со 2-0 во сетови, а не кога губиш со 0-2. Жал ми е ако ја исплашив… Тоа ме направи малку поопуштен на теренот. Само се забавував – изјави Ѓоковиќ по победата од 6-3, 6-4, 6-2 против Циципас.
Во третото коло на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се соочи со Французинот Артур Риндеркнех, кој претходно го совлада Мартин Дам Џуниор со 6-4, 7-6 (1), 6-3.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
