ГФК Охрид Лихнидос – ФК Новаци 2:1 (1:0)
Охриѓани, кои претендираат на прво место во Втората македонска фудбалска лига и влез во Првата лига, потешко од очекуваното стигнаа до првите три бода во годинашното првенство.
Реализатор на двата гола беше Антонио Каланоски, кој со своите два погодока практично го реши победникот на натпреварот.
Гостите поголем дел од натпреварот го одиграа со играч помалку, но охриѓани не успеаја целосно да ја искористат бројчаната предност. Екипата на ФК Новаци, нејасно од кои причини, на теренот предизвика низа инциденти. Наместо витешка игра и фер однесување со фудбалската топка, играчите на ФК Новаци насрнаа со тупаници кон играчите на ФК Охрид.
Според прикажаната игра, домаќините заслужија победа со поголема гол-разлика, но на крајот до трите бода стигнаа благодарение на прекрасниот погодок на Каланоски.
Гостите играа мошне нервозно, а кон голот на охриѓани во текот на натпреварот упатија само два шута, од кои едниот заврши во мрежата на Серафимов.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
