Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изрази умерен оптимизам во однос на напорите за завршување на војната во Украина, пред неговото заминување на самитот на Групата седум (Г7) во Франција.
Тој истакна дека глобалната политичка состојба е „особено турбулентна“, но додаде дека во исто време се отвораат и нови можности за дипломатски решенија.
– Украина сега е во нова позиција на сила. Русија нема да може воено да победи во војната – изјави Мерц, додавајќи дека руската економија се наоѓа во сериозна кризна состојба.
Според него, за првпат се создава „простор за дипломатија“ кој би можел да води кон идни мировни преговори.
Мерц потсети дека на 7 јуни во Лондон се сретнал со британскиот премиер Кир Стармер, украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон, каде се разговарало за стратегии за притисок врз Русија и за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина.
Тој додаде дека на самитот во Евијан се очекува разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со други светски лидери, меѓу кои и Зеленски.
– Ова би можеле да бидат првите чекори во нова дипломатска иницијатива кон мировни преговори меѓу Украина, Русија, Европа и САД – истакна Мерц.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
