Германската енергетска компанија СЕФЕ ((Securing Energy for Europe) предложи рекапитализација до две милијарди евра за да започне процесот на приватизација, според кој државата мора да го намали својот удел во таа компанија до крајот на 2028 година.
СЕФЕ претходно беше во сопственост на Гаспром, а на почетокот на војната во Украина, Германија одлучи да ја национализира таа компанија за 6,3 милијарди евра.
Доколку проектот биде одобрен, приватизацијата ќе се спроведе во следните девет до 12 месеци. Министерството за економија, кое ги надгледува државните акции во таа компанија, предложи рекапитализација вредна помеѓу 1,5 и 2 милијарди евра.
Тоа е клучна компанија за снабдувањето со германски гас, бидејќи управува со 4.200 километри, или 10 проценти од германската гасна мрежа, а се занимава и со трговија со енергија.
Правилата на Европската Унија бараат од Германија да го намали својот удел на максимум 25 проценти плус една акција до 2028 година во замена за дозвола за финансиска помош од 2022 година. Тоа е услов што важи и за 99,12 проценти сопственост на државата врз конкурентот на SEFE, Uniper.
Министерството за економија на Германија тврди дека истражуваат неколку опции за реприватизација на SEFE. Тие нагласуваат дека не се донесени одлуки и дека нема цврста временска рамка за приватизација.
Извршниот директор на SEFE, Егберт Лаге, тврди дека поттикот за таквата одлука бил даден од конфликтот на Блискиот Исток, односно ограничениот проток на гас од Блискиот Исток. Германија веројатно, со приватизацијата , ќе ги намали своите удели преку првична јавна понуда на акции на берзата или некоја друга форма на трансакција.
-Со оглед на краткото време што сме во бизнисот, можеби IPO е малку тешко за нас, но на крајот зависи од пазарите и тоа е одлука на владата – изјави Лаге за Фајненшл тајмс.
Штом се прошири веста за намерата на Германија да ги продаде своите вишок акции во SEFE, аналитичарите почнаа да шпекулираат дека средствата на компанијата прво би можеле да се поделат, а потоа да се продадат. Но, Лаге нагласи дека ќе ги задржи регулираните средства и трговските операции. Некои дури предложија спојување на SEFE со Uniper.
-Владата го разгледа тоа. Владата е сопственик на двете компании, па секако треба да размисли дали спојувањето би создало поголема вредност, но во моментов работиме под претпоставка дека процесот за SEFE ќе биде независен- вели Лаге.
Tagged as:
ГЕРМАНИЈА ЌЕ ЈА ПРИВАТИЗИРА КЛУЧНАТА КОМПАНИЈА ЗА ГАС
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
