Background

Германија го скрати буџетот на Дојче Веле

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Германската медиумска компанија Дојче Веле, која продуцира програми за странски земји, е принудена да ја намали својата понуда поради намалување на државната поддршка, а 160 работни места се во опасност.

- Advertisement -
Ad image

– Мерките за штедење ја загрозуваат нашата конкурентност во време кога силното германско и европско присуство е сè поважно геополитички – изјави директорката на Дојче Веле, Барбара Масинг.

Меѓу другото, се предвидува укинување на грчката програма и намалување на програмите на албански, бугарски и на македонски јазик.

Телевизиската емисија „Европео“, која беше продуцирана на хрватски, босански и на српски јазик, исто така е откажана.

– Овие мерки се особено горчливи ако се земе предвид зајакнувањето на руската и на кинеската пропаганда и фактот дека САД ја откажуваат својата програма за странски земји – изјави претседателот на Советот за медиуми Карл Јустен.

Минатата есен, Бундестагот ја намали државната поддршка за Дојче Веле за 10 милиони евра, откако буџетот беше намален за 20 милиони пред 2 години.

Потегот на Бундестагот беше изненадувачки со оглед на тоа што новата христијанско-социјалдемократска влада на Фридрих Мерц најави поддршка за медиумот пред да ја преземе функцијата, откако претходно администрацијата на Доналд Трамп ја намали поддршката за сличната американска програма – Гласот на Америка.

Програмата на Дојче Веле е целосно финансирана од државниот буџет, за разлика од другите јавни сервиси во Германија кои се финансираат од претплати.

Мерките за штедење беа критикувани и од претставниците на синдикатите, оценувајќи дека со овој потег гласовите што ги поддржуваат демократските сили низ целиот свет, како што објави синдикатот Верди, „ќе бидат замолчени“.

– Во свет каде што има борба за квалификувана работна сила, Германија ја губи својата конкурентност со овој потег – рече Кристоф Шмиц-Детлефсен, член на одборот на синдикатот на вработени во јавните служби.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖