Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска во Копенхаген ќе разговараат за можноста за воспоставување центри за враќање на мигранти во земји надвор од Европската Унија, соопшти портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи.
Петте земји сакаат да воспостават такви центри за мигранти кои треба да бидат депортирани од Европската унија, за што веќе започнале првични разговори со потенцијални партнерски земји.
Поради доверливоста неопходна за градење доверба во преговорите, имињата на потенцијалните партнерски земји засега нема да бидат објавени, додаде портпаролката.
Домаќин на денешниот состанок е данскиот министер за имиграција и интеграција, Мортен Бодсков. Според данската Влада, целта е да се утврдат конкретни чекори кон постигнување договор со една од партнерските земји.
Европската комисија на состанокот ќе учествува во својство на набљудувач.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
