Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, е избран за потпретседател на СДСМ синоќа на седница на Централниот одбор на партијата. По изборот, тој повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа во партијата.
– Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. Тоа се нашите принципи, одбраната на социјалдемократијата и борбата за достоинствен живот на граѓаните. Само сплотени можеме силно да се спротивставиме на режимот на ДПМНЕ. Само сплотени можеме да ги браниме нашите вредности. И само сплотени можеме повторно да ја вратиме довербата на граѓаните – рече Герасимовски.
Тој истакна дека различното мислење не треба да биде причина за поделби, туку поттик партијата да стане посилна. Според него, првиот чекор кон враќање на довербата кај граѓаните е членовите повеќе да разговараат, да се слушаат и да работат заедно.
– Нема место за поделби. Нема место за суети. Нема место за стоење настрана и чекање некој друг да ја заврши работата. Секој е важен. Секој е потребен. Силата на СДСМ никогаш не била во еден човек. Силата на СДСМ била во луѓето – рече тој и им се заблагодари на лидерот на СДСМ Венко Филипче и на сопартијците за довербата.
Tagged as:
ГЕРАСИМОВСКИ ИЗБРАН ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
