(ГАЛЕРИЈА)Театар на сенки ,,Кокиченце девојченце” гостуваше во Охрид. Среќата и реакциите на децата во публиката, најголема награда
Во рамки на програмата „Културата расте со децата“ на Општина Охрид, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид се одигра театарот на сенки „Кокиченце девојченце“ за првоодделенците од ООУ „Григор Прличев“.
Претставата, чија авторка и уметнички реализатор е д-р Лили Бошевска, преку едукативна и поучна приказна ги доближи до децата вистинските вредности, другарството, поддршката и важноста на правилното насочување во исполнувањето на желбите.
Културата има моќ да го обликува детскиот свет уште од најрана возраст. Токму преку ваквите содржини, децата учат да сонуваат, да создаваат, да покажуваат емпатија и да градат позитивни вредности кои ќе ги следат низ животот.
Театарот на сенки беше реализиран со материјали од публикацијата „Од приказна до драматизација и театар на сенки – Кокиченце девојченце“