Background

ФЗО во текот на август 2026 година исплати вкупно 623.150.780 денари (10,13 милиони евра) за боледувања, од кои дури 414.050.780 денари (6,73 милиони евра) се исплатени за породилни отсуства

Фондот за здравствено осигурување(ФЗО)во текот на август 2026 година исплати вкупно 623.150.780 денари (10,13 милиони евра) за боледувања, од кои дури 414.050.780 денари (6,73 милиони евра) се исплатени за породилни отсуства.

Од ФЗО велат дека станува збор за исклучително висока месечна реализација, постигната со засилена обработка на предметите и внимателно планирање на расположливите средства, со јасна цел – исплатите кон осигурениците да се одвиваат редовно и со стабилна динамика.

– При обработката на предметите се почитуваше хронолошкиот редослед, при што приоритет беше даден на осигурениците чии барања се со постар датум- велат од ФЗО.

- Advertisement -
Ad image

Со ваквата динамика, Фондот создаде услови надоместоците за боледување, а особено надоместоците за породилно отсуство, да се исплаќаат тековно и редовно.

Оттаму велат дека посебен приоритет имала исплатата на породилните надоместоци.

– Со внимателно планирање и ефикасно управување со средствата, во август беа обезбедени над 414 милиони денари само за породилни надоместоци, без притоа да се наруши редовното подмирување на останатите финансиски обврски на Фондот – додаваат од ФЗО.

Оттаму нагласуваат дека ваковиот пристап ќе продолжи и во наредниот период.

– Редовната исплата на боледувањата, со посебен фокус на породилните надоместоци, останува еден од приоритетите на раководството на Фондот, паралелно со обезбедувањето финансиска стабилност и непречено извршување на сите останати обврски кон осигурениците и здравствениот систем.Зад овие бројки стојат осигуреници и семејства за кои навремената исплата значи сигурност во период кога им е најпотребна. Затоа Фондот продолжува со унапредување на организацијата и ефикасноста во работењето, со јасна цел – редовни исплати, пократко време на обработка и поголема сигурност за осигурениците – велат од ФЗО.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation