Француските поморски сили запленија руски танкер за нафта во Атлантскиот Океан, објави францускиот претседател Емануел Макрон, оценувајќи дека станува збор за важен чекор во спроведувањето на меѓународните санкции против Русија.
Според информациите, танкерот „Тагор“ бил пресретнат во неделата во меѓународни води во Атлантскиот Океан во операција реализирана со поддршка на повеќе сојузнички држави, меѓу кои и Обединетото Кралство.
Макрон истакна дека акцијата била спроведена во согласност со меѓународното поморско право.
– Неприфатливо е бродови да ги заобиколуваат меѓународните санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години. Овие бродови, кои не ги почитуваат ниту најосновните правила на поморската пловидба, претставуваат и закана за животната средина и безбедноста – изјави Макрон.
Случајот доаѓа по серијата активности на европските држави насочени кон таканаречената „флота во сенка“, која, според западните земји, се користи за заобиколување на санкциите воведени кон Русија.
На почетокот на мај, шведската крајбрежна стража заплени брод што бил под санкции во близина на Трелеборг.
Во меѓувреме, Романија и Бугарија продолжуваат со активностите за формирање безбедносен центар за надзор на бродскиот сообраќај во Црното Море, со цел следење на потенцијалните рути што ги користи руската „флота во сенка“.
Tagged as:
Французите запленија руски танкер во Атлантскиот Океан
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
