Background

Франција од денеска ќе го наплаќа таканаречениот данок на ултра брза мода наречен „еколошки придонес“, а од 1 јануари следната година стапува на сила и забраната за рекламирање на ваквата мода што ги опфаќа и инфлуенсерите

Франција од денеска ќе го наплаќа таканаречениот данок на ултра брза мода наречен „еколошки придонес“, а од 1 јануари следната година стапува на сила и забраната за рекламирање на ваквата мода што ги опфаќа и инфлуенсерите.

Засега, овој дополнителен надомест изнесува само 5 евра, но до 2030 година би можел да се зголеми на 19,50 евра по парче облека или пар обувки. За да се заштитат потрошувачите, оваа еколошка такса е ограничена и не смее да надминува 50% од продажната цена на производот (без ДДВ).

Новата такса значи дека онлајн платформите за ултра брза мода (како што се Shein и Temu) се соочуваат со дополнителна такса од 5 евра по артикал.

- Advertisement -
Ad image

Придонесот има за цел да ја направи онлајн набавката на облека помалку привлечна за потрошувачите и доаѓа како дополнување на данокот за пакети од 3 евра, што веќе е воведен на европско ниво.

Покрај ова, Франција презема и други мерки за ограничување на онлајн трговијата со облека и обувки од странство, во најголем дел од Кина, со тоа што воведе забрана за нејзино рекламирање.

Компаниите ќе плаќаат и казни до 100.000 евра за кршење на правилата за рекламирање и дополнителни даноци за лесни пакувања увезени од надвор од ЕУ.

Според законот, брендовите треба да обезбедат јасни информации за издржливоста, рециклирањето, јаглеродниот отпечаток и земјата на потекло на производот, прикажани во иста големина како и цената на сите страници на производот.

Приходите од овие даноци ќе одат за поддршка на одржливи француски модни компании.

Француските власти ваквите потези ги оправуваат со ставот дека ги кинеските платформи за е-трговија ја загадуваат на животната средина, користат принудна работа и претставуваат нелојална конкуренција за европските производители.

Според статистичките податоци, модниот бренд „Зара“ годишно на пазарот продава околу 20.000 артикли, додека во истиот период „Шајн“ дистрибуира 1,7 милиони артикли или околу 85 пати повеќе.

Франција ја почна постапката за воведување на овој данок уште во 2021 година, но законот го донесе во јули минатата година кога стана и првата земја која воведе ваков данок.

Кина се закани со воведување на контрамерки. Компанијата „Шејн“ изјави дека таа не произведува брза мода.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation