Background

Франција и Холандија најавија тесна соработка во развојот на вештачката интелигенција, квантната технологија и полупроводниците

Франција и Холандија најавија тесна соработка во развојот на вештачката интелигенција, квантната технологија и полупроводниците.

Европската Унија мора значително да ги зајакне своите технолошки капацитети доколку сака да остане конкурентна во глобалната трка за новите технологии, порачаа францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Роб Јетен за време на посетата на технолошкиот центар „Brainport“ во Ајндховен.

Двајцата лидери ја истакнаа потребата од поблиска француско-холандска соработка во развојот на технологиите, особено во областите на вештачката интелигенција, квантната технологија, електрониката и производството на полупроводници.

- Advertisement -
Ad image

Макрон оцени дека Европа мора да ги зајакне сопствените производствени синџири доколку сака да остане во глобалната трка.

– Европа, доколку сака да остане во трката, мора да ги зајакне европските синџири на производство – порача францускиот претседател.

Тој ја опиша соработката меѓу Франција и Холандија како „мотор за иновации, вештачка интелигенција, квантна технологија и електроника“.

Јетен, пак, упати уште подиректна порака.

– Европската Унија мора самата да стане технолошки џин – рече холандскиот премиер, нагласувајќи дека европските компании, науката, талентот и индустријата мора подобро да се поврзат.

Макрон и Јетен при посетата на Ајндховен беа придружувани од претставници на технолошки компании, а го посетија и производителот на машини за изработка на микрочипови „ASML“.

Холандската компанија е глобален лидер во производството на опрема за производство на полупроводници, но Европа има мал број компании со споредлив капацитет.

Според „Eindhovens Dagblad“, Европа во производството на микрочипови, развојот на апликации за вештачка интелигенција и изградбата на центри за податоци заостанува зад другите големи светски технолошки центри.

Токму затоа европските лидери сè погласно зборуваат за поголема „стратешка автономија“ и намалување на зависноста од технологии и производствени капацитети надвор од Европа.

Посетата на Макрон и Јетен се одржа во услови на зголемени геополитички тензии и глобална технолошка конкуренција, во која САД и Кина имаат водечка позиција во повеќе клучни области.

„ASML“ дополнително ја зајакна својата позиција во европскиот технолошки екосистем со голема инвестиција во француската компанија „Mistral“. Минатата година холандскиот гигант вложи 1,3 милијарди евра во компанијата, со што стана нејзин најголем акционер.

Макрон по посетата на Ајндховен продолжува за Лондон, каде што треба да се сретне со британскиот премиер Енди Барнам.

Францускиот и холандскиот лидер со посетата испратија порака дека Европа не може да си дозволи да остане само пазар за туѓи технологии, туку мора да создава сопствени компании, производи и инфраструктура доколку сака да има поголема улога во идната глобална економија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation