Фон дер Лајен истакна дека ЕУ ќе биде прагматична со Трамп

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска увери дека Европската Унија ќе биде „прагматична“ во односите со САД по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

– Наш прв приоритет ќе биде да почнеме дијалог без одлагање за да разговараме за заедничките интереси и да бидеме подготвени за преговори. Ќе бидеме прагматични, но секогаш ќе стоиме на нашите принципи. Да ги браниме нашите интереси и да ги поддржуваме нашите вредности – тоа е европскиот пат – рече таа за време на Светскиот економски форум во Давос.

Европа влегува во нова ера на жестока геостратешка конкуренција, истакна и Фон дер Лајен, и ќе треба да работи со заеднички сили за да избегне глобална трка до дното.

– Како што оваа конкуренција ќе стане посилна, веројатно ќе почнеме да гледаме честа употреба на инструменти како што се санкции, извозни контроли и царини, кои имаат за цел да ја заштитат економијата и националната безбедност – рече таа.

Европа мора да избегне глобална трка до дното

Сепак, Фон дер Лајен е категорична дека иновациите не треба да се запрат.

– Во овој дух, ќе треба да работиме заедно за да избегнеме глобална трка до дното. Со оглед на тоа што прекинувањето на врските во глобалната економија не е во ничиј интерес, ние треба што побрзо да ги модернизираме правилата за да ја одржиме нашата способност да создаваме взаемна корист за нашите граѓани – нагласи претседателката на Европската комисија (ЕК).

Според неа, Парискиот договор за климата продолжува да ја нуди најдобрата надеж за целото човештво.

– Европа мора да остане на курсот и да продолжи да работи со сите земји кои сакаат да ја заштитат природата и да го запрат глобалното затоплување – рече таа во врска со намерата на Трамп да ги повлече САД од договорот.ЕУ мора и да ги надмине преостанатите бариери за нејзината енергетска унија и да инвестира во нова генерација технологии за чиста енергија, според Фон дер Лајен.

Таа рече дека блокот треба да продолжи да ги диверзифицира своите извори на енергија и да го прошири еколошкото производство на обновлива енергија, додавајќи дека сето тоа ќе биде дел од новиот план што ќе биде претставен во февруари.

- Advertisement -
Ad image

ЕУ е спремна да пружи рака кон Кина

ЕУ е подготвена да „пружи рака и кон Кина и да ги продлабочи односите со Пекинг“, додаде Фон дер Лејен. Таа прецизираше дека би сакала да се прошират врските во областа на трговијата и на инфраструктурата.

– Време е да ги балансираме нашите односи со Кина во дух на транспарентност и на реципроцитет – рече претседателката на ЕК.

Таа најави и дека наскоро ќе отпатува во Индија за да го „зајакне стратешкото партнерство“ со „најголемата демократија во светот“.

- Advertisement -
Ad image

Во врска со Украина, Фон дер Лајен рече дека земјата треба сама да одлучува за својата територија, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи безусловно да го поддржува Киев.

– Важно е Украина да остане независна држава и Украина сама да одлучува за својата територија – нагласи таа.

Share This Article