Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и пратеничката група
Дозволете да ја известам целокупната јавност за следните чекори на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата во врска со носењето на Законот за Влада со кој се укинува Пржинската Влада.
Имено, кажавме повеќепати дека сметаме дека на овој начин, којшто е целосно автократски манир на владеење на оваа власт, и ова не е единствен пример, ова е само еден од примерите, техничката влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори.
Во ситуација кога има целосна контрола на оваа власт врз судството, кога се именуваат партиски послушници за судии и за обвинители, кога премиерот без грам срам од собраниска говорница, од прес-конференции, јавно со своите чувства на некој начин дели наредби на обвинителите и врши притисок врз правосудството, во ситуација кога не се знае како, на кој начин се складираат и ќе се употребуваат или веќе сега се употребуваат податоците од системот Сејф Сити, ова едноставно не смее да се случи.
Овој манир на владеење е еднаков на манирот на владеење од времето на Никола Груевски од 2006 до 2016 година. И затоа, доколку денеска овој закон помине на Комисија и власта продолжи да ја тера собраниската процедура, нашата пратеничка група се повлекува од работната група за работа на изборниот закон.
Овој Закон за влада и укинување на Пржинската влада мора власта да го повлече. Вакви автократски манири не се дозволени и нема да прифатиме. Да потсетам, тој закон беше донесен за изборите во 2016 година, но на барање на Христијан Мицковски законот беше вратен во 2018 година и така важеше на нивно барање и за парламентарните избори во 2020 година.
Затоа уште еднаш повторувам, власта овој закон мора го повлече, Пржинската Влада, којашто е единствен гарант во оваа форма во која што сега важи законот за спроведување на фер и демократски избори, мора да остане. Во спротивно се повлекуваме од работата за изборниот закон од работната група којашто се води Министерството за правда.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=bNgvCckD-dk
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
