Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања оцени дека програмата „1198“, која ВМРО-ДПМНЕ ја претставуваше како програма за развој, по две години се претворила во симбол на неисполнети ветувања, партиски тендери и изолација.
„И во вашата програма 1198, и во вашето експозе, тука кога ја формиравте Владата, едноставно ветувавте мед и млеко. И сега помина половина од мандатот. Две години. А денес вистината е сурова. Ниту едно од овие ветувања не испорачавте. Граѓаните не добија подобар живот, не добија повисок стандард, не добија функционални институции, не добија правда и не добија европска иднина“, рече Филипче.
Тој истакна дека наместо најавените проекти, граѓаните добиле сосема поинаква слика.
„Што добија? Поскап живот, празни паричници, празни фрижидери, презадолжена држава, партизирани институции, тендери, лаги и изолација. Ни 10% од ветеното во програмата нема исполнето. Само лаги, изолација и партиски тендери. Очигледно, тоа бил бројот 1198 и ништо друго“, нагласи Филипче.
Според него, неисполнетите ветувања се гледаат во сите клучни области.
„Ветивте поголем животен стандард. Животниот стандард е намален. Сиромаштијата е зголемена… Ова не го исполнивте“, рече Филипче.
За економијата и задолжувањето, тој додаде:
„За две години ја задолживте државата со нов дополнителен долг од 2,5 милијарди евра… Нов долг од 2,5 милијарди евра, а нема пари за плати за работниците, нема пари за мерки за граѓаните и нема пари за земјоделците. Па се поставува прашањето каде завршија милијардите од задолжувањето.“
Филипче оцени дека ветувањата за европски напредок исто така останале само на хартија.
„Ветивте европски напредок… А денес европскиот пат е заглавен. Реформи нема… Земјата ја туркате во изолација. Е, ова е резултатот од вашата власт, премиере“, истакна тој.
На крајот, претседателот на СДСМ порача дека Владата мора да одговори за неисполнетите ветувања од програмата „1198“.
„Кој е крив за овие неисполнети ветувања? Кој е крив, премиере, за овие две изгубени години? Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните, отворено и искрено, дека потфрливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте?“, праша претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Линк до видео: https://youtu.be/nRwHCaw9YqE?si=sA-RvuVaBanqZJWf
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
