Background

Фатон Селами стапува на функцијата народен правобранител

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Враќање на довербата во институцијата народен правобранител, соработка и кадровска екипираност ќе бидат во фокусот на новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами, кој денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод стапувањето на функцијата.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Собранието, Гаши, му ја честита функцијата на Селами посакувајќи му успех и порача да биде во служба на народот, да ги брани правата на сите граѓни, без разлика на нивната етничка, религиозна и партиска припадност.

– Да им се заблагодарам на сите пратеници, и на тие од немнозинските заедници, кои сите заедно во петокот застанавме, пред сè, во деблокирање на една многу важна функција како што е народниот правобранител. Мислам дека тоа е единствениот начин како треба да работиме во Собранието, отворено, преку дијалог, изнаоѓајќи решенија што се во интерес на сите граѓани – изјави Гаши.

Селами истакна дека ја прифаќа функцијата, се заблагодари за укажаната доверба и соопшти дека ќе работи професионално, непристрасно, со највисока посветеност кон граѓаните, со почитување на Уставот и законите.

Тој информира дека негов приоритет е да се врати довербата во институцијата народен правобранител.

– Во тој правец ќе работиме со сите релевантни фактори, со Собранието и со Владата за првин да се направи кадровска екипираност на институцијата народен правобранител. Таа институција кадровски е преполовена, а нè очекува избор на осум заменици на народниот правобранител. Имам информација дека има еден предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, кој ќе треба да го видиме уште еднаш со стручните служби и во соработка со Собранието на Северна Македонија во најбрз можен рок да ги поминеме тие законски измени. Тоа се приоритетите – нагласи Селами.

На новинарско прашање дека институцијата Народен правобранител најчесто се соочувала со немање слух кај другите институции и како ќе се справат со тоа, Селами вели дека тоа е предвидено во измените од Законот за народниот правобранител, односно, како што рече, да има можност да изрекува и прекршоци.

– Сега единствена алатка ни се медиумите. Со препораки, со јавен укор и во соработка со медиумите. Мислам дека ќе треба во законските измени да има и прекршочни одредби доколку со друг начин не може да се почитуваат препораките на народниот правобранител – појасни Селами.

Фатон Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој на 12 јули 2025 година го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање.

Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит.

Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор во согласност со Законот и процедурите на Собранието.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖