Светската ракометна федерација (ИХФ) во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за билетите за втората фаза од Светското првенство, при што највисоки се цените за натпреварите во „Вараждин арената“, каде игра македонската селекција.
Цените на дневните билети за средбите во Вараждин се зголемени од претходните 50 и 70 евра на 80 и 100 евра, што ги прави најскапи меѓу сите локации на првенството.
Македонската репрезентација денес од 15:30 часот ќе игра со Австрија во Вараждин. Во оваа сала, од 18:00 часот ќе се сретнат Катар и Холандија, додека дербито на денот ќе се одигра во 20:30 меѓу Унгарија и Франција.
Во „Арената Загреб“, каде ќе се одиграат дел од натпреварите од втората фаза, билетите се поевтини и чинат 40, 60 и 80 евра.
Најдостапни се билетите за натпреварите од Претседателскиот куп во Пореч, каде цените се движат од само 5 до 25 евра, што претставува значителна разлика во однос на Вараждин.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖