Европските челници немаат план како да се справат со него

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европските челници остро му одговорија на американскиот техномилијардер Илон Маск кој во последните недели јавно критикува некои од европските влади велејќи дека се тирански. Милијардерот не ги крие своите амбиции во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а аналитичарите сега ја забележаа неговата нова пракса да ја коментира политиката во Европа.

Според германскиот аналитичар Волфганг Мунхау, Европа нема стратегија за справување со Маск кој, според него, и во иднина ќе ја користи својата социјална мрежа Икс да ги застапнува десничарските политики на Трамп.

Toj вели дека британскиот и германскиот премиер се во дилеми како да пристапат кон Маск бидејќи мораат да соработуваат со Трамп.

„Велика Британија и Германија имаат нешто заедничко – и двете се под континуирани напади од Илон Маск, кој ја претвори целата своја платформа на социјалните мрежи во политичка машина за кампања против политиките на нивните влади“, истакнува аналитичарот во напис за Eurointelligence.

Сепак, тој наведува дека многумина веруваат дека врската меѓу Трамп и Маск нема да трае предолго и дека не е тешко да се замисли сценарио во кое тие двајца би се судриле во голема пресметка на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, одговорот од европските челници стигна. „Гардијан“ напиша дека расте хорот од европски лидери кои го осудуваат Маск.

Францускиот премиер му рече на Маск да ги држи настрана рацете од Европа и дека ЕУ нема да молчи за Маск иако ќе соработува со Трамп. Тој претходно го обвини Маск дека пробува директно да се меша во претстојните парламентарни избори во Германија закажани за 28 ноември.

– Пред десет години, кој би замислил дека сопственикот на една од најголемите социјални мрежи во светот ќе поддржи ново меѓународно реакционерно движење и директно ќе се меша во изборите, вклучително и во Германија – рече Макрон зборувајќи со француските амбасадори.

Францускиот претседател, кој претходно негуваше конструктивен однос со Маск, повикувајќи го, меѓу другото, повторно да ја отвори катедралата Нотр Дам, избегна да го спомене милијардерот по име, како и премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стере.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, немаше дилема на кого мислеа и двајцата лидери.

Стере ја потврди тезата на Макрон во изјава за норвешката телевизија НРК:

– Сметам дека е загрижувачки што човек со огромен пристап до социјалните мрежи и големи економски ресурси е директно вклучен во внатрешните работи на други земји како ова. Ова не е начинот на кој работите треба да функционираат меѓу демократиите и сојузниците.

- Advertisement -
Ad image

На прашањето што ќе се случи доколку Маск директно се меша во норвешката политика, Стере додаде дека се надева дека политичарите во таа земја, каде што се одржуваат општи избори во септември, „ќе предупредат на таквите потези и ќе се дистанцираат од нив“.

Британските медиуми во вторникот го цитираа британскиот премиер сер Кир Стармер како вели дека е пречекорена во реториката што е насочена кон членовите на владата. „Фајненшл тајмс“ вели дека премиерот го прозвал Маск поради неговите „лаги и дезинформации“.

Кога падна доскорешната германска влада во ноември Маск силно го нарече будала тогашниот германски канцелар Олаф Шолц, а неодамна го нарече тиранин германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, објави Дојче веле.

„Штајнмаер е антидемократски тиранин! Срам да му е“, напиша Маск.

Од кабинетот на Штајнмаер соопштија дека претседателот ја видел објавата, но дека нема да ја коментира.

Коментарот на Маск се однесува на објава на инфлуенсер близок до екстремнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), кој го критикуваше Штајнмаер откако претседателот се изјасни против странското влијание на претстојните избори.

Штајнмаер во парламентот експлицитно ја спомена социјалната мрежа Икс која е во сопственост на Маск.

Портпаролот на германската влада директно го прозва Маск во врска со изборите. Сепак, тој го минимизираше неговото влијание врз гласачите.

– Нормалните, здрави и пристојни луѓе го сочинуваат огромното мнозинство во оваа земја. Се однесуваме како твитовите на Маск да можат да влијаат на земја од 84 милиони луѓе со лажни информации или полувистини. Тоа едноставно не е така – рече портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин.

Поддршката на милијардерот Илон Маск за ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) има позитивен ефект за партијата пред изборите што се закажани на 23 февруари, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „ЈуГов“ (YouGov) изработена за германската новинска агенција ДПА.

Според анкетата, 59 проценти од испитаниците изјавиле дека поддршката од Макс е во корист за АфД, четири отсто навеле дека тоа ќе ѝ наштети на партијата, за 24 проценти тоа ќе нема некаков ефект, а 13 отсто изјавиле дека не се сигурни.

Маск повеќепати јавно ја поддржа германската eкстремна десница АфД. Минатиот месец тој напиша дека само таа партија може да ја спаси Германија. Тој, исто така, го најави своето учество во едночасовен пренос во живо на Икс со лидерот на АфД, Алиса Вајдел.

Мултимилијардерот не ги крие ниту своите симпатии кон десничарката Џорџа Мелони, премиерка на Италија.

Во текот на викендот, тој повторно ја промовираше АфД во колумна за весникот „Велт ам зонтаг“(Welt am Sonntag).

Маск потроши повеќе од 250 милиони долари за да му помогне на Доналд Трамп да биде избран за претседател на САД на изборите на 5 ноември. Трамп го назначи за специјален советник за кратење на федералниот буџет.

Сега, Маск цели кон влијание и моќ во Европа. Падот на влијанието на традиционалните медиуми за сметка на електронските медиуми и на социјалните мрежи е забележливо во Европа.

Германскиот аналитичар Мунхау смета дека исто како што ЕУ нема јасен план за тоа како ќе се постави кон Трамп, нема стратегија како да го намали влијанието на Маск.

Share This Article