Background

Европскиот Закон за заштита на медиумите стапи на сила

Медиумската слобода е темел на демократијата и затоа мора да биде заштитена во сите земји членки. Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (EMFA) стапи на сила денеска, а целта е да обезбеди подобра заштита за новинарите и да ја направи сопственоста на медиумите по­транспарентна, пренесува „Еуроњуз“.

Европскиот акт за слобода на медиумите воведува нов сет правила за заштита на медиумскиот плурализам и независноста во ЕУ. Со нив ќе се обезбеди јавните и комерцијалните медиуми полесно да работат преку границите во внатрешниот пазар на Унијата, земајќи ја предвид дигиталната трансформација на медиумскиот простор.

Меѓу клучните одредби, законот предвидува заштита на уредувачката независност и на новинарските извори, како и изрична забрана за користење шпионски софтвер против новинари.
Законот гарантира независно функционирање на јавните сервиси, а ја зголемува и транспарентност во сопствеништвото на комерцијалните медиуми. Регулативата ги опфаќа и големите онлајн платформи (VLOPS) како Фејсбук, Икс и ТикТок и други со механизми на заштита од неоправдано бришење на содржини од нивна страна.

- Advertisement -
Ad image

Важно е и тоа што обезбедува транспарентност во државното рекламирање, а ја зголемува транспарентноста во мерењето на публиката за медиумите и огласувачите.

Законот беше изготвен од Европската комисија и со големо мнозинство поддржан од Европскиот парламент на пленарно гласање во 2024 година.

– Со стапувањето во примена на европскиот акт за слобода на медиумите, медиумите и новинарите низ ЕУ добиваат досега невидени гаранции, а граѓаните можат да веруваат дека вестите што ги добиваат се водени од факти, а не од бизнис или политичка агенда – изјави европскиот комесар за демократија, правда и владеење на правото, Мајкл Мекграт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖