Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, денеска изјави дека Европската комисија, поради проблемите што ги имаат професионалните возачи од Западен Балкан со Системот за влез/излез (EES), им предложила на членовите на Унијата и на земјите од Западен Балкан да разговараат и да се договорат за долгорочни визи.
Брунер го кажа ова во интервју за Европскиот весник(European Newsroom – ENR), и притоа ја наведе Хрватска како пример, која веќе го стори тоа и склучи договори со земјите од Западен Балкан за долгорочни визи.
Тој додаде дека ќе им предложи на земјите од Западен Балкан да разговараат и да склучат вакви договори со другите членки на Унијата.
– Тоа е моментално излезот. Земјите-членки можат да издаваат дозволи за престој, долгорочни визи, тоа е на земјите-членки да го сторат. И на долг рок, се обидуваме да најдеме решенија во новата визна политика. Затоа разговараме и со земјите-членки – рече Брунер.
Тој исто така рече дека ова е важно и поради европските компании кои исто така се погодени од воведувањето на новиот систем.
-Правилото дека можете да останете во Европската Унија 90 дена во рок од 180 дена не е променето. Но, секако сега со системот EES знаеме кои се оние што го пречекоруваат дозволениот престој. И тоа е разликата. Сега системот покажува дали некој ќе остане повеќе од 90 дена. Европските компании се исто така засегнати, но се обидуваме да најдеме долгорочно решение. Потребно е време бидејќи земјите-членки мора да се договорат за правната основа за тоа, па затоа не можеме да го направиме тоа во следните недели или месеци – рече Брунер.
Тој, исто така, рече дека знае дека сегашната ситуација врши притисок врз економиите на земјите, кои мора да бидат поддржани.
– Мораме да ги поддржиме и да се обидеме да најдеме решенија, но ни треба правна основа за тоа – рече Брунер.
Зборувајќи за системот EES, тој рече дека во првите осум месеци од неговата имплементација имало 110 милиони регистрации, од кои 45.000 биле одбиени поради лажни документи, како и 1.100 лица на кои им бил одбиен влез поради безбедносни проблеми, што претставува безбедносна закана за Европската Унија.
Tagged as:
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ ДОЛГОРОЧНИ ВИЗИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
