Европската комисија ги повика земјите-членки на Европска Унија заедно да работат, за да се избегне недостиг на керозин за време на претстојната сезона на летни одмори.
„Достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на нафта мора да биде на максимум, за да се задоволи моменталната побарувачка, особено за гориво за авиони, бидејќи приближно 40 проценти од нашата потрошувачка на гориво за авиони се увезува, а околу половина од целиот увоз поминува низ Ормускот Теснец“, се наведува во препораката на ЕК.
ЕК посочува дека е потребно координирано следење и потенцијално колективно дејствување, за да се зголеми постојното производство на европските рафинерии, вклучително и преку координирано и навремено ослободување на резервите за итни случаи.
Лидерите на ЕУ утре на Самитот на Кипар ќе разговараат за препораката на ЕК.
Според податоците на ЕК, по почнувањето на војната во Иран, ЕУ потроши дополнителни 24 милијарди евра за увоз на енергенси поради зголемувањето на цените.
Пред меколку дена извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Фатих Бирол, предупреди дека во Европа за околу 6 недели ќе се појави сериозен недостиг на гориво за авиони доколку не се обнови снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. Според него, набрзо ќе почнат да пристигнуваат вести за откажани летови меѓу европските градови како директна последица на овој недостиг.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
