Background

Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за ископот и добивањето на критичните суровини, без кои не е остварлива зелената транзиција и значително влијаат во одбранбената индустрија во Европа

Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за ископот и добивањето на критичните суровини, без кои не е остварлива зелената транзиција и значително влијаат во одбранбената индустрија во Европа. Членовите на Европскиот парламент од Комисијата за индустрија, истражување и енергетика изгласаа измени на предложениот буџет на Унијата 2028-2034, поконкретно за Европскиот фонд за конкурентност, кои вклучуваат повеќе средства и нови механизми за поддршка во области како што се истражувањата во одбраната и критичните суровини. Чекорот следува откако повеќе истражувања покажаа дека континентот е зависен од увоз на голем број руди, особено со потекло од Кина, што ја поткопува европската индустрија и стратешката независност.

– Нашите измени содржат значителни подобрувања во однос на предлогот на Комисијата, на кој му недостасуваа функционално управување и политичка насоченост. Буџет што овозможува финансирање на сè и сешто, звучи убаво во теорија, но има практични последици: едно евро потрошено за еден приоритет не може да се потроши за друг. Преку резерва од 10 милијарди евра, ја правиме флексибилноста видлива и остварлива во еден модернизиран буџет – изјави германскиот европратеник од Европската народна партија, Кристијан Елер.

– Обезбедуваме наменски фонд за критични суровини и директен пат од европските истражувања до европските фабрики. На овој начин ја обновуваме нашата индустриска база, ги намалуваме нашите стратешки зависности и осигуруваме дека технологиите на иднината – од чисти технологии до одбрана – ќе се произведуваат во Европа – изјави романскиот европратеник од редот на социјалдемократите, Дан Ника.

- Advertisement -
Ad image

Од Европската асоцијација за метали (European metals), која ги обединува компаниите и националните здруженија кои работат со метали како бакар, алуминиум, цинк, никел и литиум, соопштија дека зголемениот буџет е само прв важен чекор кон постигнувањето на сигурен синџир на снабдување.

– Комисијата во Европскиот Парламент испрати силен сигнал дека Европа сериозно пристапува кон обезбедувањето на суровините неопходни за нејзината иднина. Одвојувањето на наменски буџет од 10 милијарди евра претставува апсолутен минимум потребен за одржување на кредибилитетот на европската политика за критични суровини. Ова ќе му обезбеди на Центарот за критични суровини дел од ресурсите неопходни за започнување со исполнување на неговиот мандат, поддршка на стратешките проекти и зајакнување на синџирите на вредност на суровините во Европа – изјави Џејмс Вотсон, генерален директор на Асоцијацијата.

Оттаму потсетија дека енергетската транзиција, дигиталната транзиција и одбраната на Европа зависат од металите произведени во Европа и од пристапот до критичните суровини.

„Иако овие средства претставуваат значајна пресвртница, тие треба да се сметаат за минимална почетна точка, а не за ниво на поддршка што соодветствува на обемот на предизвикот со кој Европа се соочува во однос на критичните суровини. Други големи економии, кои се конкуренти на Европа, воведоа значително пообемни шеми за поддршка со цел да ги обезбедат синџирите на снабдување со критични суровини и да привлечат инвестиции. На пример, Канада издвои 15 милијарди канадски долари за критичните суровини. Европа мора да преземе одлучни чекори за да ја докаже својата веродостојност во однос на критичните суровини“, се додава во нивното соопштение.

Додека Европа обезбедува пари и се залага за што повеќе проекти за ископ на критични минерали, македонското рударство стагнира. Дополнително, постои и само една инвестиција во експлоатација на критична суровина во Македонија, а тоа е бакарот во Иловица. Од иницијативата „И здравје и работа“, која ги поддржува проектот за рудник, соопштија дека светот влегува во нова фаза на развој на рударскиот сектор, а активирањето на домашните минерални потенцијали е можност за нови инвестиции, работни места, развој на домашните компании и технолошка модернизација на македонското рударство.

„Во овие процеси Македонија не смее да стои отстрана. Напротив, треба навреме да ги препознае можностите што ги носи новата глобална економска реалност и да ги стави во функција сопствените минерални потенцијали, со јасна визија за развој на современо, конкурентно и одговорно рударство. Ова не треба да го правиме само затоа што Европа има потреба од сигурни извори на критични суровини. Пред сè, тоа е можност за развој на домашната економија“, соопштија од „И здравје и работа“.

Иницијативата порачува Македонија да не ги пропушти развојните шанси и да не биде само набљудувач на новите економски и технолошки промени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖