Background

Европа сака да помогне во спроведувањето на примирјето со Израел

Советот на ЕУ денеска реши на Вооружените сили на Либан  да им додели 60 милиони евра помош од средствата на Европскиот мировен фонд (ЕПФ).

Овој трет пакет помош за либанските Вооружени сили има за цел зајакнување на нивните капацитети за обезбедување и за одржување на стабилноста во јужниот дел на земјата.

– Мерката ќе придонесе за заштита на цивилното население во регионот. Мерката за помош ќе ги подобри и оперативните способности и ефикасноста на Вооружените сили на Либан за да придонесат за националната и за регионалната безбедност и стабилност, со што ќе им се овозможи на раселените цивили од двете страни (на либанско-израелската граница) да се вратат во своите домови – се наведува во соопштението на Советот.

- Advertisement -
Ad image

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, оцени дека најавата за оваа нова значителна помош за либанските Вооружени сили доаѓа во критичен момент за спроведување на Договорот за прекин на огнот меѓу Либан и Израел.

– Вооружените сили на Либан се од суштинско значење за регионалната и за внатрешната стабилност и ја заслужуваат сета наша поддршка во извршувањето на нивната клучна мисија. Европската Унија и нејзините земји членки се силно посветени на поддршка на либанските државни институции и на обнова на партнерството ЕУ-Либан – нагласи Калас.

Според ЕУ, планот за прераспределување на припадници на Вооружените сили на Либан на југот од земјата, јужно од реката Литани, е од клучно значење за реализација на меѓународните напори насочени кон постигнување траен прекин на огнот и кон спроведување на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН.

– Вооружените сили на Либан, заедно со Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), се главниот гарант за воспоставување на неопходните безбедносни услови за враќање на стабилноста и на безбедноста на населението од двете страни на границата – се додава во соопштението.

Европскиот мировен фонд е основан во март 2021 година со цел финансирање активности во рамки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ за спречување конфликти, зачувување на мирот и за зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност. Преку Европскиот мировен фонд, ЕУ може да финансира активности, насочени кон зајакнување на капацитетите на трети држави, како и на регионални и меѓународни организации, поврзани со воени и одбранбени прашања.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation