Европа е регионот најизложен на последиците од војната меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, кога станува збор за снабдување со енергија, и покрај мерките за обезбедување доволно гориво за авиони за непречено одвивање на воздушниот сообраќај, објави Ројтерс во денешната анализа.
Европските земји во последните недели го зголемија увозот на гориво за авиони од САД и Азија, како и производството во домашните рафинерии и посегнаа по постојните залихи за да ги одржат залихите на аеродромите.
Сепак, Европа останува особено ранлива поради долгогодишниот пад на бројот на рафинерии, што ја прави позависна од другите големи региони од испораките од Блискиот Исток што минуваат низ Ормутскиот теснец.
Обединетото Кралство, Франција и Германија се особено изложени, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци од консултантската компанија „Енерџи аспектс“.
Според проценките на компанијата на 18 јуни, Европа би можела да има недостиг од речиси 600.000 барели нафта дневно во третиот квартал од оваа година.
Анализата на Ројтерс покажува дека европските залихи покриваат помалку од 30 дена побарувачка, што е најниско ниво меѓу главните пазари на гориво за авиони.
За споредба, САД имаат суфицит од околу 116.000 барели дневно, додека Азиско-пацифичкиот регион има проценет суфицит од околу 425.000 барели дневно.
Европската комисија призна дека ситуацијата би можела дополнително да се влоши ако прекините во снабдувањето со енергија продолжат или се интензивираат.
Зависноста од поморскиот транспорт преку Ормутскиот теснец, низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта, стана особено ризична по ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран и новите напади во регионот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
