Еве што сè им порача Трамп на лидерите во Давос

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Светскиот економски форум во Давос им рече на собраните деловни и политички лидери дека работи на ограничувањето на инфлацијата и на илегалната имиграција и дека го зголемува производството на фосилни горива во Соединетите Американски Држави.

– Она што светот го виде во последните 72 часа не е ништо помалку од револуција на здравиот разум – рече Трамп на годишниот состанок на форумот во Давос, Швајцарија, каде се обрати преку видео-врска.

Украина е подготвена да направи договор

Последното прашање за Трамп беше дали ќе има мировен договор во војната меѓу Русија и Украина кога американскиот претседател повторно ќе зборува во Давос следната година.

– Треба да ја прашате Русија. Украина е подготвена да направи договор“ – одговори американскиот претседател.

Трамп додаде дека верува дека пониските цени на нафтата ќе помогнат веднаш да се стави крај на војната во Украина.

– Исто така, ќе побарам од Саудиска Арабија и од ОПЕК да ја намалат цената на нафтата. Ако цената се намали, руско-украинската војна веднаш ќе заврши – рече тој, додавајќи дека во моментов „цената на нафтата е доволно висока за војнат да продолжи“.

Сакаме искреност, а не експлоатација од Кина

За односите меѓу САД и Кина, Трамп рече дека „сè што сакаме е искреност“.

– Ние само сакаме еднакви услови за игра. Не сакам САД да бидат експлоатирани од Кина – рече тој.

Тој го потенцира трговскиот дефицит меѓу двете земји, како и со другите азиски земји.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател, исто така, рече дека се надева дека Кина може да им помогне на САД да ја прекинат војната меѓу Русија и Украина.

– Тие имаат големо влијание врз таа ситуација –  рече тој.

Тој додаде дека сака да работи со Кина за денуклеаризација, истакнувајќи дека другите светски лидери, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин, ќе ја поддржат идејата.

- Advertisement -
Ad image

САД ќе гарантираат испораки на гас за Европа

На прашањето дали САД  ќе гарантираат снабдување со гас во Европа, Трамп одговори: „Да“.

– Дефинитивно би направиле енергетски договор со Европа и би го примениле до крај – рече тој.

Тој ја истакна важноста на американските испораки на ЛНГ, течен природен гас, за Европската Унија.

– Соединетите Американски Држави се веќе главниот снабдувач на ЛНГ за 27-те членки на ЕУ, а нивната улога се очекува да расте уште повеќе – посочи Трамп.

Канада може да стане американска држава

Претседателот на САД повтори дека Канада може да стане американска држава.

– Не ни требаат нивните автомобили и не ни требаат нивните дрва – рече тој.

Брајан Мојнихан, извршен директор на Банката на Америка, му честиташе на Трамп за изборната победа пред да му постави прашање.

Мојнихан зборуваше за „бранот на одлуки“ што Трамп ги донесе за имиграцијата и трговијата и го праша како тоа ќе влијае на амбицијата да го зголеми растот на БДП и да ја намали инфлацијата.

Трамп одговори дека ќе ги намали корпоративните даноци на 15% за компаниите кои ги произведуваат нивните производи во САД. Тој тврди дека тоа ќе предизвика „огромен интерес“.

Ја сакам Европа, но таа се однесува многу неправедно со Америка.

Одговарајќи на прашање од основачот на групата Блекстоун, Трамп ги детализираше своите поплаки за Европската Унија.

Генерално, тој рече дека царините и даноците во европските земји се превисоки, нивните регулативи се рестриктивни, трговскиот дефицит со САД е преголем и дека тужбите против американските компании како Гугл се неправедни.

– Планираме да направиме нешто околу тоа. Се обидувам да бидам конструктивен, бидејќи ја сакам Европа. Ги сакам европските земји, но, процесот е многу комплициран и тие се однесуваат кон САД многу, многу неправедно – рече шефот на американската држава.

Престолнина на вештачката интелигенција

Доналд Трамп му рече на остатокот од светот дека ако компаниите не ги произведуваат своите производи во САД, ќе се соочат со царини во вредност од „трилиони долари“.

Тоа би значело воведување на универзални тарифи, од кои многумина стравуваат, а кои би влијаеле на целиот свет.

– САД ќе бидат светска престолнина на вештачката интелигенција и на криптовалутите. Дојдете и правете ги вашите производи во Америка, а, ако не, тоа е ваша одлука. Но, многу едноставно, ќе плаќате тарифи во различни износи, што ќе насочи стотици милијарди, дури и трилиони долари во нашата каса – рече Трамп, обраќајќи им се на елитите во Давос.

Сојузниците во НАТО да плаќаат повеќе

Трамп рече дека ќе побара од сојузниците од НАТО да придонесат повеќе. Тој рече дека повеќето земји не платиле додека не дошол на власт. Тој, исто така, истакна дека е одговорен за прекинот на огнот во Газа, кој е постигнат во последните денови од администрацијата на Џо Бајден и за враќањето на израелските заложници кај нивните семејства.

Зборувајќи за војната во Украина, тој ги најави напорите на неговата администрација да постигне мировен договор меѓу Русија и Украина. Ја нарече војната „апсолутно поле за убивање“, и додаде дека слично не е видено од Втората светска војна досега.

Трамп, исто така, ги спомна важните настани кои ќе се случат за време на неговиот мандат – прославата на 250-годишнината од Соединетите Држави следната година, организацијата на на Светското првенство вп фудбал со Мексико и со Канада и Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес. Тој заклучи дека „ова е само почеток“ и дека САД ќе бидат поголеми и посилни од кога било досега.

Многумина најавија огромни инвестиции во Америка

Трамп рече дека „економската доверба сега цвета“ во Америка и дека многу компании најавија инвестиции во милијарди во американската економија. Тој предупреди дека компаниите кои не произведуваат во Америка ќе се соочат со царини, а оние што го пренесуваат производството ќе добијат големи даночни олеснувања. Тој вети и најголемо намалување на даноците во историјата на САД.

Тој спомнаги спомена најавените 500 милијарди долари инвестиции во развојот на вештачката интелигенција во САД. Додаде дека Саудиска Арабија најавила инвестиции од 600 милиони долари во неговата земја, на шега барајќи од принцот Мохамед бин Салман да ја заокружи таа сума на трилион долари.

Говорот започна со „златно доба“ за Америка

Во воведот Трамп својата изборна победа ја прогласи за почеток на „златното доба за Америка“. Рече дека неговата администрација започнала „револуција на здравиот разум“ и вети дека Америка и светот ќе станат „побогати“ и „помирни“ благодарение на неговото претседателствување.

Тој ја обвини претходната администрација за „промашени политики“ и за „економски хаос“, критикувајќи ги трошењата на дефицитот, регулативите и „скриените даноци“. Тој нагласи дека цените „пораснале“ и го обвини Бајден за губењето на контролата врз економијата, ветувајќи дека ќе ја сврти ситуацијата и ќе ги запре политиките на „радикалната левица“.

Share This Article