Најмалку 300 училишта низ Италија денеска биле евакуирани откако добиле иста заканувачка порака за наводно поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за образование, а пренесе Ројтерс.
Безбедносната тревога се случува во период на зголемена загриженост во Европа поради заканите поврзани со таканареченото хибридно војување. Во изминатиот период мета на вакви закани биле супермаркети, крвни банки, авиосообраќајот и телевизиски куќи.
Министерот за образование Џузепе Валдитара изјави за телевизискиот канал „La7“ дека се претпоставува оти станува збор за лажни дојави, додавајќи дека се очекува бројот на опфатени училишта и натаму да расте.
– По тревогата за бомба на национално ниво, сакаме да ве известиме дека сите ученици се префрлени на безбедно место и се под надзор на наставниот кадар – им соопштило едно римско училиште на родителите преку апликација за размена на пораки.
Големиот број училишта што биле мета на заканите, според министерот Валдитара, „покажува колку всушност е неверодостојна оваа закана“.
Заканувачката електронска пошта била потпишана со името „Михаил Андропов, водач на Вилајет Мизогинистан“, се наведува во копија од пораката до која имал увид Ројтерс.
Истиот наводен автор ја презел одговорноста и за заканувачките пораки за поставени бомби што во петокот биле испратени по електронска пошта до редакции на медиуми во Ирска и во Бугарија.
Италијанската полиција спроведува истрага за целиот случај, потврдил портпаролот на полицијата во Рим.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
